Свет

Меркел: Нема причина ЕУ да ги крене санкциите против Москва

Меркел: Нема причина ЕУ да ги крене санкциите против Москва

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска го изрази своето незадоволство од однесувањето на Русија кон Украина.

Таа изјави дека нема причини за кревање на европските санкции против Москва, нагласувајќи дека таа и натаму посакува дипломатско решение на украинската криза, но, според неа, настаните од минатата недела покажуваат „колку тешко е дури и да се почитуваат постигнатите спогодби, ако се имаат предвид незаконските избори“.

Русија ги поддржа изборите на териториите во источна Украина, што се контролирани од бунтовниците, а кои се оддржаа во неделата.

Според Владата во Киев и Западот, овие избори значат прекршување на мировните спогодби од Минск, потсетуваат американските медиуми.

– Русија уште не дејствува на начинот на кој ние би сакале, особено околу состојбата во Луганск и Доњецк, рече Меркел во Берлин на конференцијата, организирана од Унијата на германските работодавачи. Спогодбите од Минск требаше да бидат основата, па затоа економските санкции се неизбежни и во моментов нема причина за нивно кревање, подвлече германскиот канцелар.