Меркел: Очекувам брза реакција од САД за случајот со уапсениот двоен агент

Информациите, дека германски разузнавач работел како двоен агент за американското разузнавање проривречат на разбирањето на соработката заснована на доверба меѓу партнери, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел.

Таа истакна дека случајот е „сериозен“ и Берлин очекува брза реакција од Вашингтон.

На прес-конференција во Пекинг, каде од вчера се наоѓа во тридневна посета, Меркел ги коментираше информациите во германскиот печат за апсењето во средата на службеник на германското разузнавање, кој работел од 2012 година и за американските тајни служби и таму испратил над 200 документи.

Случајот може да внесе дополнителна напнатост во односите меѓу Берлин и Вашингтон.

Уште вчера германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер побара објаснување од САД.