среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 43

Меркел и Оланд го осудија нападот во Истанбул

merkel-oland

Последни вести

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази денеска сочувство во врска со нападот за време на новогодишната прослава во ноќниот клуб во Истанбул, во кој беа убиени 39 и ранети 70 лица, нагласувајќи дека „терористите извршиле нехуман и извитоперен напад врз луѓе, кои заедно сакале да ја прослават Новата година“.

– Моите мисли денеска се со жртвите, нивните семејства и пријатели, рече Меркел.

Министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер исто така упати сочувство до оние кои ги загубиле своите блиски.

Тој осудувајќи го овој „суров и кукавички напад“ нагласи дека неговата земја „стои до Турција во овие тешки мигови“.

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд упати порака со солидарност до народот на Турција по нападот, соопшти Елисејската палата.

– Претседателот на републиката  остро го осудува терористичкиот напад, во кој загинаа најмалку 39 лица за време на новогодишната забава во истанбулската дискотека, се вели во соопштението.

Оланд нагласи дека е неопходно да се обединат силите и со заеднички напори да се води борбата против тероризмот насекаде во светот.

Италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано изјави дека е потребно единство меѓу државите и континентите за да се води борба против тероризмот.

Алфано напиша на Твитер дека новогодишниот напад во Истанбул е показател дека борбата против тероризмот не запира за време на празниците и оти нема доволно солзи да да ја изрази својата жалост за инцидентот.

Најчитани вести