Меркел: Опстојувањето на ЕУ се претвори во прашање на живот или смрт

Опстојувањето на Европската унија се претвори во прашање на живот или смрт, изјавила германскиот канцелар Ангела Меркел, јавува американската телевизија „Блумберг“, пренесува Нетпрес.

Таа дополнила дека ќе направи се’ што е во нејзина моќ за да се запази единството на Унијата.

Денеска, Меркел како и лидерите на останатите 26 земји членки на ЕУ, ќе имаат средба на високо ниво во Братислава, за да ја разгледаат иднината на сојузот по Брегзит.

Европа не е во добра ситуација. Тоа ме прави тажна и ќе направам се што е можно, за да ја запалам светлината за тоа, за кое нашата заедница се бори, рекла таа за време на својот говор вчера во Потсдам.

Меркел предупредила дека „национализмот, егоизмот и тенденциите кон радикализација го кочат и дури го минираат заедничкото европско опстојување“.

Тоа е прашање на живот или смрт. Нема да се поколебам во ниту еден момент да се борам за заедничка Европа, посочила Меркел.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по пристигнувањето во Братислава, рекол дека „единственото логично нешто е да се направи трезвена и чесна оценка на ситуацијата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.