Меркел побара од Путин да влијае на проруските активисти

Германската канцеларка Ангела Меркел побара во телефонски разговор од рускиот претседател Владимир Путин да „употреби умерено влијание“ на проруските активисти во Украина.

Прекинувањето на вооружениот судир во источна Украина мора да биде стриктно почитувана, рекла во разговор со Путин германската канцеларка, пренесува АФП.

И Путин и Меркел изразија загриженост поради постојаното насилство во Украина, соопшти прес-службата на германската влада.

Рускиот претседател и германската канцеларка се согласија дека украинско-руската граница треба да биде надгледувана на одговарачки начин. Тие ја истакнаа улогата на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС) која има задача да го надгледува примерјето потпишано пред еден месец.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.