Меркел побара повеќе полиција на границата со Полска

Германската канцеларка Ангела Меркел побара поостри мерки за сузбивање на криминал во граничната област спрема Полска. Меркел укажа на барањето на нејзината партија во покраината Бранденбург да се зголеми бројот на полицајци во тој регион.

Меркел за германскиот магазин „Шпигел“ изјави дека „полициското присуство, посебно во граничниот регионот во Бранденбург апсолутно не е задоволувачки и дека постои многу криминал.“

Меркел го побарала ова од Полска за да се намали криминалот на граничниот појас и бројот на азиланти кои од тоа подрачје на Полска влегуваат во Германија.