Меркел победник кај оние кои уште немаат право на глас

На шеговитите избори одржани во петокот во Германија, децата помлади од 18 години како омилена партија ја избраа на германската канцеларка Ангела Меркел, објавија во саботата медиуми.

Конзервативните христијански демократи од CDU добиле 28,37 отсто од детските гласови, а ги следи партијата од левиот центар Социјалдемократската партија (SPD) со 19,87 отсто од гласовите, покажуваат резултатите.

Децата и тинејџерите гласале на вкупно 1.600 избирачки места ширум Германија на шеговитите избори за оние кои сѐ уште немаат право да учествуваат на парламентарните избори кои ќе се одржат во недела на 24-ти септември.

Третата партија којашто ја избрале децата се Зелените, кои добиле 16,67 отсто од гласовите, повеќе од двојно од поддршката којашто ја добија според неодамнешните изборни анкети.

Гласањето во петокот го заокружуваат екстремните левичари Die Linke (Левица) со 8,17 отсто, евроскпетичната и антидоселеничка Алтернатива за Германија (AfD) со 6,8 отсто и Слободните демократи (DDP) со 5,7 отсто од гласовите.

На последните општи избори во 2013 година учествувале околу 200.000 млади Германци, а оваа година се очекуваат повеќе гласачи.

Овие резултати во голема мера ги одразуваат очекувањата за возрасните со право на глас на германските парламентарни избори на 24-ти септември, покрај едно истражување на јавното мнение објавено во четвртокот коешто покажа дека владејачката Унија CDU/CSU добива 37 отсто од гласовите.

Детските избори одржани во петокот го организираа политичките организации на младите, а нивната цел е да се промовира политичкиот ангажман меѓу младите со лица.

„Изборите за лицата под 18 години се јасен знак за политичарите за тоа кои се темите важни меѓу децата и адолесцентите“, изјави министерката за семејство Катарина Барлеи.