Меркел: И покрај растот постои ризик за глобалната економија

Ризиците за глобалната економија се уште се присутни и покрај знаците на станилен раст, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, според која, ниските цени на суровините се проблем за голем број земји во светот.

– Светската економија покажува знаци на стабилен раст, но постојат ризици“, изјави денеска Меркел за време на Самитот на Групата седум најразвиени земји на светот (Г-7) во Јапонија.

Како што јави дописникот на МИА од берлин, говорејќи за санцкиите што ЕУ ги воведе кон Русија, Меркел иајзви дека се уште е рано да се зборува за прекин на канзнените мерки кон Москва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.