Балкан

Меркел во дводневна посета на Западен Балкан

Меркел во дводневна посета на Западен Балкан

Со посета на Тирана, германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја почнува дводневната посета на Западен Балкан.

Меркел по посетата на Тирана, ќе замине на разговори со државните лидери во Србија и во Босна и Херцеговина.

Предвидено е Меркел да се сретне со премиерите на овие земји и со нив да ги разгледа билатералните односи и енергетските прашања.

Во Сараево Меркел ќе ја посети изложбата, посветена на масакрот во Сребреница во 1995 година, рече Зајйберт.

Меркел во Тирана се очекува да допатува попладнево, каде покрај средбите со албанскиот премиер Еди Рама и шефот на државата Бујар Нишани, ќе учествува и на економски форум. Предвидено е доцна попладенто Меркел од Тирана да замине за Белград.

Мерките кои ќе бидат превземени за посетата на германската канцеларка на Тирана ќе бидат идентични со оние за време на претстојот на папата Франциско на 22 септември мината година и посета на српскиот премиер Александар Вучиќ на 26 и 27 мај, кога за безбедноста се грижеа над 1.500 припадници на алабнското Министертвото за внатрешни работи и гардисти, а градот го надлетуваа и полициски хеликоптери.

Посетата на Меркел ќе биде втора на еден германски канцелар на Албанија по 1999 година, кога Тирана ја посети Герхард Шредер, 12 години по воспоставувањето дипломатски односи меѓу поранешна Западна Германија и Албанија.