Меркел повредена при ски несреќа

Ангела Меркел заврши во болница по несреќата на ски терените, пренесува „АФП“.

Наводно, канцеларката ја повредила карлицата, при што ќе биде потребно да мирува цели три недели. Меркел ги откажала сите свои состаноци, вклучувајќи ја и официјалната посета на Полска, која требаше да се одржи во средата како и средбата со премиерот на Луксембург.

Минатиов викенд, со сериозни повреди се здоби и формула шапионот Михаел Шумахер кој заврши во болница по несреќа на ски терените во Мерибел, Франција.