Меркел пред нова победа

Од 8 часот утрото во неделата ширум Германија се отворени избирачките места на коишто 61,5 милиони гласачи ќе го избираат деветнаесеттиот состав на Бундестагот.

Избирачките места се отворени до 18 часот кога се очекуваат и првите прогнози. Првите нецелосни официјални резултати се најавени во текот на вечерта.

Конститутивната седница на Бундестагот мора да се одржи најдоцна триесет дена по одржувањето на изборите.

Според последните испитувања на јавното мнение, демохристијанската унија CDU/CSU предводена од канцеларката Ангеле Меркел ќе освои меѓу 34 и 36 отсто од гласовите.

По нив следи Социјалдемократската партија на Германија (SPD) со 21 до 22 отсто од гласовите. Третата политичка сила би можела да стане евроскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) којашто во предизборните анкети добиваше 11 до 13 отсто доверба.

Партијата Левица според анкетите има поддршка од 9,5 до 11 отсто од гласачите, додека либералите од FDP може да сметаат на поддршка од 9 до 9,5 отсто. Партијата Зелени е на последното место од оние кои може да го надминат цензусот со 7 до 8 отсто.

Од можните коалиции освен досегашната ткн „голема коалиција“ на демохристијаните и социјалдемократите, се споменува и можноста и владата составена од демохристијаните, либералите и зелените. Но тоа е поради големите разлики во политичките ставови, особено меѓу либералите и зелените, е малку веројатна опција.

Со особена напнатост се очекува резултатот на AfD која на минатите парламентарни избори во 2013 година не успеа да го мине изборниот праг, но во меѓувреме откако наместо противењето на еврото акцентот го стави на критика на имигрантската политика на Ангела Меркел, остави значителен пораст на популарноста и успеа да влезе во некои од парламентите на сојузните земји.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги повика граѓаните да излезат на изборите во што поголем број.

„Кон нема да гласа им препушта на другите да одлучуваат за неговата судбина“, вели Штајнамер во разговорот за весникот Bild am Sonntag и додава дека на овие избори „повеќе од кога и да е станува збор и за иднината на демократијата и за иднината на Европа“.

И на последните предизборни собири водечките кандидати ги повикуваа граѓаните да излезат на изборите предупредувајќи на можни последици од успехот на крајната десница.