Меркел: Предлогот за асоцијација на Украина со ЕУ останува во сила

Канцеларката на Германија Ангела Меркел изрази жалење во врска со одлуката на Украина да го одложи потпишувањето на договор за асоцијација со Европската унија. Шефот на германската Влада, која во вчера по трет пат беше избрана на функцијата канцелар, изјави во Бундестагот дека предлогот на ЕУ останува во сила.

Канцеларката изрази мислење дека не треба да се дозволи појава на ситуации во кои ќе треба да се избира помеѓу „оваа или онаа“ опција, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.