понеделник, 16 јануари 2017  |  Вести денес: 36

Меркел: Предолго ги затворавме очите пред бегалската криза

Германија и другите членки на Европската Унија предолго ги затвораа очите пред бегалската криза на своите надворешни граници, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел, а пренесува МИА.

angela-merkel-2

Последни вести

Германија и другите членки на Европската Унија предолго ги затвораа очите пред бегалската криза на своите надворешни граници, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел, а пренесува МИА.

Една година по славната реченица „Ние тоа го можеме“, која го одбележа нејзиниот пристап кон мигрантската криза, канцеларката признава дека во решавањето на тоа прашање имало пропусти и во самата Германија.

И ние Германците проблемот предолго го игнориравме, рече таа во интервјуто за денешното издание на весникот „Зидојче цајтунг“.

Уште во 2004 и 2005 година доаѓаа многу бегалци и ние им препуштивме на Шпанија и на другите земји на надворешните граници да се занимаваат со тој проблем, наведе таа.

Меркел, исто така, призна дека и Берлин долго бил против денеска веќе неопходните реформи во  ЕУ, како и дека ја одбивал пропорционалната расподелба на бегалците, како и заштитата на надворешните граници.

Германија после многуте бегалци кои ги прими по војните во Југославија, се радуваше што сега првенствено други се занимаваа со оваа тема. Но, тоа не може така, нагласи таа.

Канцеларката ја уверува јавноста дека Германија нема многу да се промени по интеграцијата на стотиците илјади бегалци.

Германија ќе остане Германија, со сето она што го сакаме и цениме, заклучи таа.

Најчитани вести