Меркел: Путин нема да биде поканет на средбата на лидерите од Г-7

Нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да биде поканет на средбата на лидерите од Г-7, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел, која ќе биде домаќин на средбата во јуни во Баварија.

– Анексијата на Крим, која беше нарушување на принципите на меѓународното право, како и настаните во Источна Украина, ги поткопуваат сериозно тие вредности. Затоа, нема шанси засега Путин да биде поканет на средбата на врвот на Г-7 во Баварија во јуни, истаканала Меркел.

Таа ја повтори позицијата дека Европа не може да разгледува укинување на санкциите против Русија, додека не бидат отстранети причините за нивно наложување.