Германската канцеларка, Ангела Меркел, акцијата на Русија за Крим ја означи како „анектирање“.
Таа наводно на своите партиски колеги од Христијанско демократската партија, на чие чело е наоѓа, им рекла дека Русија ефикасно го „украла“ полуостровот Крим и дека тоа може да се нарече „анексија“.
Канцеларката истакнала дека Русија „не смее да се извлече“ од овие потези на Крим, како и тоа дека Германија ќе продолжи да и’ помага на Украина, да одржува дијалог со Кремљ, вклучувајќи евентуални санкции против Москва.