недела, 11 декември 2016  |  Вести денес: 0

Меркел: Санкциите за Русија продолжуваат, Москва не ги исполни обврските

merkel-naslovna

Последни вести

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нема причина за укинување на европските санкции кон Русији бидејќи Москва не ги исполни сите обврски преземени со спогодбата од Минск.

Во интервју за РНД, Меркел кажа дека Русија со анексијата на Крим во 2014 година предизвикала голема криза во Европа.

– Европа мораше да реагира против кршењето на основните принципи, порача  Меркел,.

Таа наведе дека со францускиот претседател Франсоа Оланд вложуваат огромни напори Украина и Русија да го исполнат договорот за прекин на огнот од Минск и покрај сите тешкотии.

Според неа, тоа бил и останува параметарот за тоа што во иднина ќе се случи со санкциите.

Во јуни ЕУ одлучи, заради сударот во Украина, да ги продолжи санкциите против Русија до крајот на јануари следната година.

Најчитани вести