Меркел се подготвува за четвртиот тежок мандат

„Коалицијата на губитниците“ е називот кој во Германија веќе ја следи владата која се подготвува да ја води ослабената Ангела Меркел во својот несомнено последен мандат.

Конзервативците на канцлекарката CDU/CSU и социјалдемократи од SPD постигнаа во петокот, по маратонските разговори, договорот за почетокот на формалните коалициските преговори со што се зголемени шансите за составување на новата германската влада и излекување од политичката блокада.

Договорот овозможува почеток на деталните преговори за коалицискиот договор следните седмици, а со тоа се завршува и периодот од неизвесност кој ја ослаби меѓународната позицијана Германија и го отвори прашањето дали канцеларката Ангел Меркел може да остане на својата позиција.

Германскиот политиколог Карл-Рудолф Корте изјави за германската јавна телевизија ZDF дека од големата коалиција (ГросКо, како што ја нарекуваа медиумите) останала мини-коалиција којашто претставува само 53 отсто од гласачкото тело по парламентарните избори кон крајот од ланскиот септември, додека во претходниот парламентарен состав Христијанско-демократската унија (CDU) на Ангела Меркел, нивните баварски сојузници од Христијанско-социјалната унија (CSU) и Социјалдемократската партија на Германија (SPD) заземаа дури две третина од мандатите.

Меѓутоа, во септември двете традиционални партии беа казнети од гласачите. Конзервативците победија но со еден од најлошите изборни резултати во историјата со 33 отсто, додека социјалдемократите паднаа на 20,5 отсто, што е нивен дефинитивно најслаб изборен резултат. Причина за тоа е продорот на крајната десница, односно евроспетичната и против-доселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) со речиси 13 отсто и враќање на либералната партија FDP во парламентот, исто така, со подесна програма.

Неделникот Spiegel неодамна иронично ја коментираше, како што ја нарече „палео коалицијата“ којашто ја сочинуваат партии и челници кои наликуваат на диносауруси.

Тројцата челници на партиите кои во петокот го испреговараа договорот се ослабени и однатре. Мартин Шулц не закрепна од дебаклот на SPD на парламентарните избори, а Хорст Зехоферво CSU го маргинализираа неговите внатрепартиски ривали загрижени од продорот на AfD. Иако засега на повидок нема сериозен наследник на Ангела Меркел на канцеларската должности и во CDU, веќе во оптек е интерната расправа за периодот „по Меркел“.

Германската економија е силна, но канцларката загуби политички поени по бегалската криза. Се наметнува прашањето дали таа ќе може да го доврши својот четиригодишен мандат. Повеќето Германци, околу 56 отсто, сметаат дека може, покажа едно испитување на јавното мнение од минатата седмица.