Меркел се согласила крајот на јуни да биде рок за воведување контроли на границите

Германската канцеларка Ангела Меркел се согласила крајот на јуни да биде рок за воведува контроли на германските граници како што побара во ултиматумот министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, дознава агенцијата DPA повикувајќи се на извори во германската влада.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, долгогодишен челник на баварската Христијанско-социјална унија (CSU) којашто е сестринска партија на Христијанско-демократската унија (CDU) на канцеларката Ангела Меркел, споменатиот рок го побара во понеделникот, велејќи дека ќе ѝ наложи на граничната полиција да почне да ги враќа имигрантите, доколку канцеларката не го исполни ветувањето дека на европско ниво ќе пронајде решение за илегалната имиграција.

Спорот околу барателите на азил го доведе во прашање седумдецениското сојузништво меѓу CSU и CDU на сојузно ниво, и се закани со опстанок на германската влада.

Како што објави во неделата Bild, станува збор за имигранти во Германија кои се регистрирани во други земји во ЕУ, како и оние беглаци кои се наоѓаат на пат за Германија. Зехофер, според извори на таблоидот, ѝ порачал на Меркел дека ќе ги протера ваквите баратели на азил од земјата, како и дека нема да дозволи тие да влезат на германска територија.

Спорд изворите на DPA, пак, Меркел рекла дека на 1-ви јули ќе ѝ се обрати на јавноста во врска со своите напори да склучи билатерални договори со државите членки на ЕУ за враќање на имигрантите кои претходно веќе се регистрирани во други земји на Унијата. Самитот на ЕУ на 28-ми и 29-ти јуни во Брисел ќе биде посветен на споррот меѓу земјите членки околу имиграцијата.

Меркел претходно во овој коалициски спор тврдеше дека унилатералните одлуки на германската граница може да ја поткопаат европската силидарност и ќе создаде проблеми со Австрија којашто би го понела најголемиот товар за повеќето одбиени имигранти.

Германскиот, австрискиот и новиот италијански министер за внатрешни работи се застапници на тврдиот став за жешкото мигрантско прашање, и минтата среда тројцата соопштија дека сакаат да воспостават „оска на доброволци“ кои ќе ја сузбиваат илегалната имиграција. Оваа „оска“ ја сочинуваат италијанскот минситер за внатрешни работи Матео Салвини, австрискиот Херберт Кикл, и двајцата од крајната десница, и нивниот германски конзервативен колега Хорс Зехофер.

Ова би претставувало ушт еден удар за Меркел коајшто веќе подолг период е цел на критики, како во Германија така и во некои земји од ЕУ, поради нејзината премногу великодушна политика на азил поради којашто само во 2015 година во Германија влегоа повеќе од милиони имигранти кои и натаму пристигнуваат. Тоа доведе и до јакнењето на десните и евроскептични германски сили, во прв ред на сметка на конзервативците што предизвика негодувања и во самата партија на Меркел и барања таа да се повлече на половината од мандатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.