Меркел свика итна лидерска средба во Берлин за случувањата во Грција

Откако преговорите помеѓу Атина и кредиторите преминаа на ново опасно ниво, германкста канцеларка Анегла Меркел свикала итна средба помеѓу лидерите на најголемите партии во Германија за да се разговара за најновите случувања во Грција, пишува грчката агенција Атинс Њуз, а пренесува Грик рипортер.

Германскиот неделник „Ди Цајт“ пишува дека не се очекува дека средбата ќе донесе некои нови одлуки, а извори блиски до германската влада откриваат дека канцеларката Меркел целосно ја вклучила дипломатијата за кризата.

Во меѓувреме во петокот Меркел ја обвини Грција дека презема „регресивни“ чекори и нагласи дека Берлин нема да биде уценуван од барањата на должниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.