Меркел телефонски разговараше со Путин и Порошенко за Украина

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин, при што повторно инсистираше за решавање на конфликтот во источна Украина, соопшти прес-службата на германската Влада.

Како што пренесе МИА, Меркел во разговорот со Путин ја потенцирала потребата од избегнување на ново заострување на ситуацијата и ја повикала Русија да го искористи своето влијаение врз сепаратистите.

Меркел претходно разговараше и со францускот претседател Фрасоа Оланд и со украинскиот петседател Петро Порошенко, изразувајќи загриженост поради влошувањето на ситуацијата во југоисточна Украина и кршењето на спгоодбата од Минск.

Во телефонскиот разговор со Порошенко Меркел изрази сочувство за жртвите во престрелката во Мариупољ, во која загинаа најмалку 30 цивили, а сто беа ранети.

Таа нападот го означи како јавно нарушување на договорениот прекин на огнот, кое со ништо не може да се оправда.

Меркел нагласи оти е потребно да се стори се за мирно решавање на ситуацијата и исполнување на договорот од Минск, склучен во септември.

Киев и проруските сили меѓусебно се обвинуваат за нападот во Мариупољ.

фото: ТАСС