Меркел: Веднаш применете ги санкциите на ЕУ против Русија

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Европската унија веднаш да ги примени санкциите кон Русија затоа што мировниот план за истокот на Украина се уште не е во потполност спроведен.

ЕУ воведе нови санкции на Русија поради украинската криза, но прецизираше дека ќе почека неколку дена со спроведување на тие казнени мерки за на Москва да и даде време да ги продолжи мировните напори.

Меркел во парламентот истакна дека е важно мировниот план кој го изработија Украина и Русија да биде спроведен и додаде дека „прекинувањето на огнот и ослободувањето за заробениците се само две од 12 точки“ од планот.

Останатите точки вклучуваат повлекување на руската војска од регионот и можност жителите на Доњецк и Лиганск сами да одлучат за идниот статус на тие региони на истокот на Украина, додаде германската канцеларка.