Меркел во посета на Кина

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе настојува со денешната посета на Кина да ги зајакне односите со најголемиот светски извозник за, и покрај несогласувањата, со заеднички сили да се спротистават на САД кога станува збор за меѓународната трговија и Иран, наведува Хина.

Нејзин приоритет ќе биде скицирање на заеднички германско-кинески одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини на челик и алуминиум.

– Двете земји се согласуваат дека отворањето на пазарите и средената светска трговија се неопходни. Тоа е централен аспек на патувањето, изјави потпаролката на Меркел, Мартина Фајтц.

Кина е прв трговски партнер на Германија. Но настојувањата на Германија да пронајде заеднички став во однос на Трамп станаа посложени откако Вашингтон и Пекинг соопштија дека постигнале договор за суспензија на реципрочното зголемување на царините за да можат да преговараат за крајно решение и да избегнат трговска војна, оценува Хина.

За Германија, кинеско-американскиот компромис би значело дека би останала сама на првата линија на вербални и царински напади од Трамп.

Американскиот претседател смета дека германскиот трговски суфицит е закана за неговата земја и ја обвинува Германија дека ја искористува САД бидејќи не издвојува доволно за одбраната во рамки на НАТО.

ЕУ стравува од договор меѓу Пекинг и Вашингот за нивните трговски спорови, наведува Хина.

– Постои ризик САД и Кина да постигнат договор на штета на Европа доколку Европа не знае да покаже цврстина, изјави францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.

Вашингтон од Европејците бара подобар пристап на нивните пазари, а без тоа од крајот на мај царините на увоз на челик ќе се зголемат за 25 отсто а на алуминум за десет отсто.

МИА