Меркел во сабота во Украина

Рејтингот на Меркел во пораст
Рејтингот на Меркел во пораст

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во сабота ќе ја посети Ураина каде ќе разговара со претседателот Петро Порошенко и премиерот Арсениј Јацењук, потврди Берлин.

Како што е најавено, актуелната ситуација во Украина и односите со Русија ќе бидат централна тема на разговорите.

Покрај разговорите со украинскиот претседател и премиер, веројатно ќе дојде и до размена на мислењата со градоначалниците, се наведува во соопштението.