Меркел задоволна од разговорите со Путин

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази задоволство од денешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин за односите на Руската Федерација со ЕУ и ситуацијата во Украина, објави МИА.

-Добро е што денеска се сретнавме во Москва за да разговараме за билатералните односи меѓу Русија и ЕУ и, секако, за поддршката на територијалниот интегритет на Украина, рече Меркел, нагласувајќи ја важноста на решавањето на постојните проблеми со дипломатски средства, пренесува ТАСС.

Меркел истакна дека Германија од своето горко искуство научи како треба да се работи, да се соработува  и во комплицирани ситуации, како што е актуелната, и да се инсистира на  пронаоѓање дипломатски решенија.

Германската канцеларка, исто така, се заблагодари на можноста да им одаде почит на погинатите во Втората светска војна.

-За мене беше многу важно што можев да дојдам овде за да можам на 70-годишнината од Победата да им одадам почит на луѓето од тогашниот СССР кои погинале, истакна Мерке