Меркел: Заканата на Трамп со уништување на Северна Кореја е погрешна

Германија и САД не се согласуваат во ставовите за Северна Кореја, изјави во средата германската канцеларка Ангела Меркел, осудувајќи ја заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека „тотално ќе ја уништи“ оваа држава доколку е неопходно.

Ангела Меркел, за којашто се очекува дека овој викенд ќе го освои и четвртиот последователен канцеларски мандат, изјави дека санкциите и дипломатијата се единствениот начин Северна Кореја да биде наведена на преговорите.

„Се противам на таквите закани“, изјави Меркел за Deutsche Welle запрашана за коментар за изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во текот на говорот на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Секој облик на воено решение го сметаме за целосно непримерно и истрајни сме на дипломатското решение“, вели Меркел.

Додава дека нејзините ставови се „санкциите и нивната примена на примерен одговор. „Смета дека сето друго во врска со Северна Кореја е погрешно“, вели германската канцеларка.

Меркел вели дека пред неколку дена во телефонски разговор му кажала на Трамп дека мора да се изнајде дипломатско решение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.