Мерките млад земјоделец и 50-50 само дел од поволносите за проектот „Од град во село“

Поволноста на мерките млад земјоделец и 50 – 50 досега ја искористија голем број земјоделци.

Преку мерката млад земјоделец се обезбедува финансиска поддршкаво висина до 600 илјади денари/10 илјади евра за реализација на инвестициски план на корисникот за период од најмногу 3 години. Право да аплицираат за овој вид на поддршка имаат лица со возраст од 18 до 40 години.

Овие пари може да се искористат за дополнителна набавка на добиток, изградба на фарми, приклучна механизација.

Со мерката 50-50 се дава финансиска поддршка во висина од 50% за набавка на трактори и земјоделска механизација за житни и индустриски култури во висина на поддршката до 3,5 милиони денари по корисник. Кофинансирањето се зголемува на 55% ако носител е млад земјоделец, на 60% за подрачја со ограничени можности, на 65% ако е млад земјоделец во подрачја со ограничени можности и 75% доколку инвестицијата е во недостапни рурални заедници.

 

Но, ова се само дел од поволностите кој ги добиваат идните корисници на проектот од град во село. Освен тоа луѓето кои ќе се одлучат за тоа добиваат и субвенционирање на трошокот за купување/ реновирање или градба на куќа, до најмногу 6.000 евра. Висината на оваа субвенција се одредува по истражувањето направено на цената на куќите во селата, која е далеку пониска отколку во градовите, пред се заради немањето побарувачка за нивно купување, и миграцијата село град. Оние кои веќе имаат куќа на село, ќе може субвенцијата до 6 илјади евра да ја искористат за реновирање, доградба, надградба  или на самата куќа, или на земјоделски објекти како плевни, штали, магацини, складишта, силоси и слично.

Добивање на бенефиции за давање на државно земјоделско земјиште  до 3ха бесплатно. Секој кој ќе се одлучи да се пресели на село преку оваа мерка која денес ја промовираме доколку се одлучи за обработка на земја и садење растенија ќе добие 3 хе земја за обработка бесплатно.

Се предвидува и доделување на еднократна месечна субвенција, односно парична помош за почеток за прилагодување кон животот на село во висина од 15000 денари месечно, во тек од 18 месеци или вкупно 250 илјади денари. Ова е особено значајно за стабилизирање на семејството, егзистенција и почетен капитал за поддршка во развојот на бизнис; Ова треба да ја осигури егзистенцијата во периодот додека не стигнат првите приходи од земјоделската дејност;

Други поволности кои стојат на располагање, (во рамките на постоечките програми) е користење на новата мерка од 80% поддршка од државата за инсталирање на систем капака по капка за најмногу до 50 хектари, и 80 отсто поддршка за изградба на бунари; Со воспоставувањето на механизмот капка по капка ќе се овозможи дополнително зголемување на приносот за два, три или повеќе пати, што ќе значи и зголемување на приходите за неколкупати.

За лица кои се заинтересирани да се занимаваат со сточарство ќе може да ја искористат новопромовиранта мерка за 80% поддршка од државата за набавка на високо приносен добиток, со што исто така за неколку пати ќе го зголемат приносот и ќе обезбедат зголемени приходи;Максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 10 милиони денари по корисник, финансиски средства со кои можат да се набават и до 100 крави холнштајн или 1000 високо приносни кози или 800 високо приносни овци.

Ќе се овозможи и мерка бесплатна концесија за пасишта која што ќе биде наменета единствено за корисниците на овој проект,и тоа за крупен добиток еден хектар по грло најмногу до 5 грла, односно 5 хектари,а за ситен добиток 0.2хектари по грло, најмногу до 50 грла ситен добиток односно 10 хектари.

Исто така достапна е и финансиска поддршка во висина од 50% кофинансирање од вкупната вредност на инвестицијата за подигнување на нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини. Кофинансирањето се зголемува на 55% ако носител е млад земјоделец, на 60% за подрачја со ограничени можности, на 65% ако е млад земјоделец во подрачја со ограничени можности и 75% доколку инвестицијата е во недостапни рурални заедници. Поддршката се доделува врз основа на реализирани инвестиции за набавка на садници, набавка на потпорна конструкција,  услуги од трети лица за подготовка на почвата и садење на садниците, во висина до 2,5 милиони денари по корисник.

Финансиска поддршка во висина од 50% кофинансирање од вкупната вредност на инвестицијата за набавка на пчелни матици и опрема во пчеларството. Кофинансирањето се зголемува на 55% ако носител е млад земјоделец, на 60% за подрачја со ограничени можности, на 65% ако е млад земјоделец во подрачја со ограничени можности и 75% доколку инвестицијата е во недостапни рурални заедници. Поддршката се доделува за набавка на пчелни матици, набавка на рамки и сандаци, набавка на опрема за одгледување на пчели, услуги од трети лица за изработка и инсталирање на опремата. Максималната вредност на поддршката е до 600 илјади денари за набавка на пчелни матици и до 800 илјади денари за набавка на опрема во пчеларството.

На корисниците ќе им стои на располагање можност за рганизирање во задруги а со тоа и можност за повисоки субвенции од 7 или 15%.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.