Македонија,Економија

Мерките на монетарната политика и пазарите на пари, теми на средбата на НБРМ со претставници на сите банки

Мерките на монетарната политика и пазарите на пари, теми на средбата на НБРМ со претставници на сите банки

Во просториите на Народната банка на Република Македонија, вчера се одржа работна средба на која присуствуваа претставници од сите банки.

На средбата беа презентирани две значајни теми од заеднички интерес, од кои првата се однесуваше на мерките на монетарната политика преземени во периодот 2012-2013 година и нивните досегашни ефекти, а втората беше посветена на анализата на пазарите на пари во Македонија со осврт на Европската Унија и земјите од регионот.

На средбата беа разменети мислења со банките и беа сумирани ефектите на мерките, нивното влијание врз одредени позиции од билансите на банките и факторите на страната на понудата и побарувачката за кредити. На работната средба беа дискутирани и трендовите на пазарот на пари во Македонија, како и натамошните активности за негово продлабочување.