Мерките за самовработување ефикасна алатка во битка со невработеноста

самовработување

Мерките за самовработување се еден од начините за борба против невработеноста, но во истовреме и дополнително зголемување на бројот на работни места, ценат експертите по економија.

Владата, преку Агенцијата за вработување, оваа мерка за самовработување со грантови во износи од 3.000 евра и повеќе ги користи од 2007 година, а досегашните податоци, според надлежните институции, покажуваат дека е особено успешна.

Професорот Томе Неновски вели дека мерките за самовработувања најчесто се користат за отворање на семејни бизниси и микро фирми кои се од особено значење за развој на стопанството и зголемување на економскиот раст.

Овие бенефиции најчесто се користат за отворање на семејни бизнис. Цела Европа оди во таа насока на отворање на мали семејни бизнис, па зошто не Македонија да се насочи кон тоа. Познавам неколку фирми кои активно ги користат овие мерки и тие преставуваат секако добар начин за намалување на невработеност, вели професорот Неновски.

Тој дополнува дека покрај овие мерки за самовработување, во изминативе години за значително намалување на бројот на невработени придонесоа и големиот број на компании од странство, кои отворија свои капацитети во земјава, но и владините проекти како „Македонија вработува“.

самовработување

Покрај подобрената деловна клима и влезот на странски инвестиции, акциите на Владата преку проектите „Македонија вработува 1“ и „Македонија вработува 2“ и сите други бенефиции кои што ги овозможува Агенцијата за вработување допринесоа за зголемување на бројот на новоотворени работни места што може да се види од сите покажатели. Поточно според последните бројки околу 720 илјади активно се вработени што ако се спореди со бројката на вработени од пред десетина година разликата е околу 160 илјади. Значи се работи за лица на вработени на новоотворени работни места тоа по автоматизам покажува дека се намалува бројот на невработени лица којшто изнесува околу 228 илјади или околу 24 отсто од активното работоспособно население, вели професорот.

Инаку, заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, вчера најави нови два огласи за самовработување.

самовработување

Станува збор за кредитирање за самовработување за млади до 29 години, како и кредитирање за отворање на нови работни места во постоечки компании за млади до 29 години. Овие мерки имаат уште поповолни услови од оние кои беа до сега. Имено, секое млад лице до 29 години може да земе кредит од 7.500 евра со грејс период од 1.5 година и со 1 отсто камата. Додека, пак, за отворање на нови работи места може да земе кредит по 4.000 евра. За оваа мерка се обезбедени вкупно 23.000 евра, појасни Спасов.

Мерката предвидува сите оние кои сакаат да вработат лица до 29 години може да користат по 4.000 евра за ново работно место.

Според последните бројки од Агенцијата за вработување, досега преку мерките за самовработување се основани 7.700 компании. Само за оваа година се предвидува создавање на 920 компании или отворање на нови 1.000 нови вработувања. Средствата се во висина од 207 милиони денари за основање на компаниите и за набавка на опрема и репроматеријали. Грантовите опфаќаат и обука за претприемништво и советодавна поддршка за правење одржлив бизнис. Досега над 73 отсто од малите бизниси кои се финансирани на ваков начин до 2014 година се активни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.