Мерко со „наредба“ до вработените за време на пости да не внесуваат храна и пијалоци

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко објавил „наредба“ според која во текот на рамазанскиот пост на вработените во општинската зграда не смеат да внесуваат храна и пијалоци.

Во наредбата, за истиот период Мерко забранува и пушење во канцелариите, нешто што е забрането и казниво со законот за пушење.