Македонија

По бројните реакции градоначаникот на Струга објаснува Мерко: Забраната за jадење и пушење во општинските канцеларии важи за цела

Мерко: Забраната за jадење и пушење во општинските канцеларии важи за цела

„Мојата наредба до сите вработени во општинската администрација во Струга дека се забранува внесување храна и пијалоци, како и пушење низ канцелариите во текот на рамазанските пости, всушност беше известување дека не треба да се јаде и да се пие во канцелариите пред сѐ од почит кон празникот Рамазан и кон оние што постат- вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за МКД.мк.

Тој објаснува дека со наредбата укажува дека општинската зграда на Струга е јавен објект, не е ниту ресторан, ниту кафуле каде што ќе може кој што сака и кога сака да носи храна и пијалоци.

Секој треба да знае дека време за појадок е од 11,30 до 12 часот, но и дека треба да се биде сензитивен во овој период кон колегите што постат – тврди Мерко.

Вчера по социјалните мрежи се појави фотографија од наредба на Мерко за забрана на носење храна и пијалоци и пушење во канцеларијата на општинската зграда за време на рамазанските пости.

Ова предизвика сериозни реакции за секуларноста на оваа држава, за одвоеноста на државата од религијата, за човековите права, за недозволивоста од ваква наредба во државен орган. По социјалните мрежи се повикуваат одговорните лица од Министерството за локална самоуправа и невладините организации за заштита на човековите права да реагираат на оваа наредба на градоначалникот.

Вакво однесување треба да има не само за време на рамазанските пости, туку и во текот на сите 12 месеци во годината -вели Мерко

За сите дилеми во однос на тоа што е верски објект, а што општинска зграда Мерко вели дека во општинската администрација на Струга има луѓе кои постат, но и такви што не постат.

Јас не ја издадов мојата наредба за да го поистоветам општинскиот објект со верските објекти, туку за да се стави ред во однесувањето: дека нема да може некој да појде надвор од пропишаното и дозволено време да купи хамбургер и да го јаде на работното место, особено не пред неговите колеги што постат. Затоа издадов таква наредба, вели Мерко.