Меркур во Бик: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Брзиот и подвижен Меркур, планетата на комуникацијата и бизнисот на 5-ти април влезе во мирниот, тромав и сталожен Бик, знакот во којшто слабее неговото влијание и таму ќе остане до 12-ти јуни. Од 29-ти април до 23-ти мај ќе биде во ретроградна фаза, што уште повеќе ќе го успори.

Поради тоа може да забележите проблеми со нервниот состем, особено ако сте родени во знакот близнаци, девица или скорпија или ако Меркур кај вас се наоѓа во тие знаци. Ако сте склони за брзо донесување одлуки, забавете и размислете уште малку, а доколку сте од оние што се премислуваат и ја одмеруваат секоја ситуација препорачливо е да „забрзате“ за да не пропуштите некои шанси за бизнис.

Оваа недела, Меркур е под поволното влијание на Венера од овен, Јупитер од девица и Нептун од риби, што може да ви одговара доколку соработувате или контактирате со странци. Но парите што ќе ги заработите преку работата со странство, кратко ќе се задржат на вашата сметка и веројатно ќе ги потрошите на нешто непланирано поврзано со куќата или со децата.

Нехармоничните аспекти на Меркур со Месечината во бик и Марс во Стрелец предупредуваат да водите повеќе сметка за вашите изјави, како и да обрнете повеќе внимание на односот со колегите и надредените. Исто така, треба добро да размислите, доколку некој ви побара пари на заем.

Што му носи Меркур во бик на вашиот знак, прочитајте на следната страница…