Меркур во Бик: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Овен

oven-znak-1Во времето на Младата Месечина во конјукција со Меркур, околу 7-ми април, избегнувајте ситуации во кои што би морале да се расправате со надредените и со партнерот. Некој роден во знакот близнаци ви праќа СМС, а некој стрелец мисли на вас.

Бик

bik-znak-1Владетелот на полето на љубовта, Марс, симболот  на страста Меркур во вашот знак ве прави мошне неспособни за да одолеете на шармот на некоја помлада личност што ќе ја запознаете на некој јавен собир. Избегнувајте ја купопродажбата на недвижности.

Близнаци

bliznaci-znak-1Ослабената позиција на вашиот владетел Меркур, ве предупредува да се чувате од интриги и од помладите колеги. Во периодот на Младата Месечина, околу 7-ми април можете да постигнете договор со некоја личност што често патува поради работата.

Рак

rak-znak-1На почетокот на периодот, во времето на конјукцијата помеѓу Меркур и Месечината во вашето астролошко поле на тајните непријатели и препреките, би требало да водите повеќе сметка за тоа што говорите, особено во друштво на младите колеги или соработници.

Лав

lav-znak-1Позицијата на Меркур, владетелот на астролошката куќа на работата, ве предупредува да избегнувате непотребни трошоци. На почетокот на периодот, на некој пократок пат во странство или на некое предавање може да запознаете некоја интересна личност.

Девица

devica-znak-1Вашиот владетел Меркур, симболот на бизнисот во конјукција со Месечината и во инконјукција со Марс не влијае поволно на вашето расудување во бизнис комуникацијата. Бегајте од расправи со партнерот, особено ако се работи за бик.

Вага

vaga-znak-1Аспектите на Меркур, планетата на комуникациите, што управува со вашите полиња на странство и на потсвеста ќе ви донесе работа со странците за кои што одамна фантазирате. Некој роден во знакот на близнаци ви праќа СМС, а некоја водолија мисли на вас.

Скорпија

skorpija-znak-1Вашиот владетел Марс во нехармонични аспекти со Меркур, планетата на бизнисот ве предупредува да водите повеќе сметка кога ќе склопувате договори со некои странци како и за односот со надредените и со помладите соработници.

Стрелец

strelec-znak-1Поради позицијата на Меркур, владетелот на вашата астролошка куќа на љубовта, расте вашето влијание врз долгогодишниот или брачниот партнер. Средбата со некој огнен знак, на некоја прослава, може да го означи почетокот на долгорочна соработка со странци.

Јарец

jarec-znak-1Аспектите на вашиот владетел Сатурн и Меркур во бик може да ви ги одложат плановите поврзани за односите сос транство, особено ако сте млади или студирате. Една риба ви праќа СМС, додека некој рак се обидува да го привлече вашето внимание.

Водолија

vodolija-znak-1Меркур, симболот на бизнисот, под влијание на еден од вашите владетели, Сатурн, планетата на амбицијата, а во конјукција со Месечината предупредува дека треба добро да размислите пред донесувањето на некои бизнис одлуки. Ако добиете понуда за некое ново работно место, прифатете ја.

Риби

ribi-znak-1Аспектите на Меркур, владетелот на вашето атсролошко поле на партнерските односи, ви носат можност за познанства со некоја помлада личност на некое јавно место. На почетокот на неделата можете да се најдете пред донесување на некои важни одлуки.