четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 42

Меркур во Скорпија: Турбулентно до 20-ти ноември

merkur-skorpija-1

Поврзани вести

Додека Меркур се наоѓа во соѕвездието Скорпија ќе владеат страстите, длабоките теми, предизвикувачките разговори, откривањето тајни, а ова најмногу ќе го почувствуваат девиците и близнаците.

Додека Меркур е во Скорпија стануваме истражувачи, подготвени да се нурнеме во најмрачните длабочини, а се со цел да ги откриеме или барем да се обидеме да ги откриеме тајните што се нарекуваат смрт или минливост на животот.

За време на Меркур во Скорпија подготвени сме да се соочиме со деловите на психата што би требало да ги промениме или да ги отфрлиме, и да го ослободиме просторот за нови увидувања. Со оваков Меркур имаме предизвикувачка комуникација во која со мошне малку зборови се изговара суштината и болната вистина за која можеби и не сме подготвени. Не се толерираат плитките и површни разговори, се бараат длабоки и комплексни теми. Ова е моќта на критиката. Песимизам. Цинизам.

Водени од силните страсти и желби подготвени сме на деноноќна будност, а се со цел да стасаме до зацртаната цел.

Фокусираност, концентрација и сериозен пристап кон се што работиме. Ова раздобје може да биде поволно кога говориме за откривањето тајни, дешифрирањето, решавањето и детектирањето на проблеми.

Има и друга страна на Меркур во Скорпија која е предводена од ниските страсти што одат заедно со немоќта и стравот, а тоа се жестоките расправии, навредите, уценувањата, обвинувањата, осветувањата, нападите, манипулациите, тајните планови, подмуклоста… Од внимателност и од сомнеж никогаш не е доволно….

Медиумите ќе не бомбардираат со драматични вести за деструкција и страдања, но и за ширењето на зарази и епидемии. Во ова раздобје, мислата се задржува на таквите настани; го промислуваме крајот и минливоста на животот па имаме прилика да ги разбереме злото и болката – онаа најдлабоката, што кога ќе помислиме на неа веднаш се распаѓаме на ситни парченца.

Со ваква положба на Меркур можни се чести проблеми врзни за техничките и електричните апарати, а нема да бидат поштедени ниту автомобилите.

Ова е слика на разните истражувачи (лекари, археолози, спелеолози, биолози, хемичари, физичари, информатичари) што страствено и посветено ископуваат и трагаат, за да стасаат до нови сериозни и важни откритија. Меркур владее со близнаците и девиците, па така сите родени во овие знаци или подзнаци сериозно ќе го почувствуваат ова раздобје.

Најчитани вести