Мерлин: Како муслиман чувствувам срам и длабок презир

Вчерашниот масакар во Франција во кој тројца радикални исламисти убија 12 лица во редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ го шокираше светот.

За овој страшен настан проговори и пејачот Дино Мерлин на социјалните мрежи.

merlinnnn

– Во потполност го осудувам денешното злосторство врз новинарите во Париз. Како муслиман, чувствувам срам и длабок презир за сторителите кои, правејќи зло, ги издаваат сите вредности врз кои почива мојата вера. Ниту јас, ниту мојата вера немаме ништо заедничко со убијците. Искрено сочувствувам со семејствата на жртвите, напиша тој.