Магазин

проблеми за прочуените тоскански каменоломи Мермерот на Микеланџело е кристално бел, но штетен за околината?

Мермерот на Микеланџело е кристално бел, но штетен за околината?

Со векови еден од најценетите видови мермер кој го обожувале римскиот цар Јулиус Цезар, уметничкиот гениј Микеланџело и фашистичкиот лидер Мусолини, пристигнувал од Апианските Алпи во близина на Карара, град во северозападниот агол на регионот Тоскана.

Овој мермер не претставува ништо друго туку светлина претворена во камен, велат локалните жители за својот производ во кој славниот Микеланџело го издлаби славниот „Давид“, ремекдело од периодот на ренесансата кој е симболот на градот Фиренца.

„Има многу прекрасни видови мермер, но Карара е класика, чиста белина“, вели во репортажата на агенцијата DPA Алвисе Лазарески, каменорезец чиешто семејство се занимава со оваа дејност откако побегнала од Фиренџца во 70-те години на XV век.

Од истиот скапоцен камин е изработен и Трајановиот столб во Рим, колонада на римскиот Плоштад на Свети Павле, како и скулптурите на Капитол Хил во Вашингтон и, најново, Големата џамија на шеикот Зајед во Аби Даби и зградата на Операта во Осло.

Малку помалку од милион тони мермерни блокови се извадени се минатата 2016 година од 80-те каменоломи, вклучително и 150.000 тони од врвниот подвид „статутари“. Меѓутоа, една од најуспешните италијански индустрии сега се соочува со притисокот да се реформира и да стане еколошки чиста.

„Голем проблем претставуваат милионите тони илегално депонирана земја“, вели градоначалникот Карара, Френческо Де Паскале. Таложењето на овој отпад ја зголемува опасноста од лавини и одрони на почвата, додава.

Неговото стравување го поддржуваат истражувањата на еколошките активисти од здружението Легамбиенте, кои покажуваат дека мината година илегално биле депонирани 600.000 тони земји, многу повеќе од 143.000 тони во 2016 година.

Освен за активистите за заштитата на природната средина, каменоломите се борат и со предлогот на регионалниот закон би се укинала уредбата од 1751 година. Таа им дава ексклузивни права на искористувањето на каменот. Владата на регионот Тоскана, имено, сака концесиите да се доделуваат на јавни натпреварувања.

Тоа би отворило пат индустријата да ја преземат странски инвеститори, стравуваат многумина во Тоскана. Еден од главните играчи компанијата „Marmi Carrara“ веќе е во 50-процентна сопственост на саудиското семејство на убиениот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

„Добив многу понуди од Кина, но не сум сигурен во полза на глобализацијата. За локалната заедница би било подобро со каменоломите да управуваат локални луѓе“, вели Лазарески.