Сомнителен случај на МЕРС во Чешка, 30 лица во карантин

Крај на епидемијата на МЕРС во Јужна Кореја
Крај на епидемијата на МЕРС во Јужна Кореја

Маж кај кои се забележани симптоми на смртоносниот вирус МЕРС е хоспитализиран на инфективното одделение во прашката болница „На Буловце“, соопшти чешкиот министер за здравство Сватоплук Њемечек, објави МИА.

Пациентот е сместен во специјален дел изолиран од околината, а триесетина лица кои биле во контакт со неги се наоѓаат во карантин.

Пациентот пред извесно време се вратил од Јужна Кореја, а во четвртокот преку туристичка агенција патувал во Полска, кога за време на патувањето му се влошила здравствената состојба и поради висока температура и сомнеж за опасниот вирус МЕРС бил пренесен во болница.

Лицата кои патувале со него во автобусот се во карантин.

Пред неколку недели и кај уште еден пациент кој се вратил од Јужна Кореја постоеше сомнеж за МЕРС, но тестовите беа негативни.

МЕРС ја предизвикува коронавирус од видот на вируси кој е одговорен за болеста САРС, која во 2003 година усмрти околу 800 луѓе.

Прво се појави на Блискиот Исток во 2012 година, а моментно е актуелен во Јужна Кореја, каде веќе починаа околу 350 лица, а над 1.000 се инфицирани

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.