Расте бројот на заболени од МЕРС во Јужна Кореја

Расте бројот на заболени од МЕРС во Јужна Кореја

Расте бројот на заболени од МЕРС во Јужна Кореја. Уште еден случај на лице инфицирано со вирусот е регистрирано, со што вкупниот број на заболени во Јужна Кореја се искачи на 183.

Како што јави јужнокорејската агенција Јонхап, претходниот случај на лице инфицирано со МЕРС во Јужна Кореја беше регистриран пред пет дена.

Најновата жртва е медицинска сестра вработена на еден медицински центар во Сеул, во кој во моментов се хоспитализирани 88 лица заболени од МЕРС.

Според податоците на Министерството за здравство и благосотојба, од појавата на МЕРС во Јужна Кореја на 20 мај, па досега, вирусот е регистриран во околу 90 јужнокорејски медицински установи.