Мертесакер: Арсенал не заслужи пласман во топ-три

Германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Пер Мертесакер го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека неговиот тим не заслужува директен пласман во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

„Искрено, Арсенал не заслужува да биде во топ-три. Арсенал не заслужува директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони. Во следната сезона, Арсенал, ние, имаме обврска да одиграме многу подобро, да постигнеме многу подобри резултати, да напредуваме на првенствената табела. Вината за неуспешната сезона мора да ја побараме во лошиот старт, во поразите на гостувањата. Мора да ја научиме и оваа лекција и не смееме да ги повториме истите грешки во новата сезона”, изјави централниот дефанзивец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.