Голем месечен хороскоп: Еве што ве очекува во април

Што ве очекува во текот на овој месец како на љубовен така и на работен план. Дали овој месец ќе биде поволен за вашето здравје или не… Дознајте во месечниот хороскоп.

Овен

Љубов

Во долгите емотивни врски и бракови април ќе го покаже своето променливо лице. Иако Венера ќе влезе во вашиот знак во правата седмица од месецот, сепак не треба да заборавите дека нејзиното место во вашиот знак е прилично неповолно, а дека нејзин диспозитор ќе биде токму Марс што во вториот дел од април ќе почне да се движи ретроградно. Проблемите во емотивните релации ќе бидат повеќе од видливи, а вие и партнерот вентилот за растечките расправи ќе го барате во главно преку сексуалното ослободување. Во суштина, сега таа растечка страст е нешто што може да го одржи вашиот однос, иако тој повремено ќе се „разнишува“ и иако вие нема да бидете во можност јасно да видите дали вашата врска воопшто има иднина или не. Самиот почеток на месецот може на дел од овните да им донесе вплеткување во некој таен емотивен однос, па бидете внимателни затоа што тоа е нешто што може да биде откриено. Тие што веќе подолго време функционираат во некоја таква приказна „настрана“ ќе почнат да го преиспитуваат односот во кој што се наоѓаат и можно е да одлучат да му стават точка. Всушност, најдобро во текот на овој месец ќе поминат оние што се слободни, затоа што престојот на Сонцето и Венера во нивниот знак ќе им отвори можности за нови познанства и љубовни почетоци. Кај вас ќе има се’ – и необични познанства и месечни љубови и пријателства и незадолжителни односи… Бидете сигурни дека ниту во еден миг нема да ви биде здодевно!

Работа

Почетокот на месецот ќе ве најде во комлетна паника и дека никогаш нема да успеете да го постигнете она што го посакувате. Чувството дека сте во тунек и дека не гледате излез ниту светло на неговиот крај, многу брзо ќе исчезне од влегувањето на Венера во вашиот знак и на Меркур во знакот бик. Значи првата недела е конфузна, а одма потоа ќе тргнете напред во многу подобро опкружување. Морате да запомните дека во текот на овој месец сето она што ќе се случува на работен план во голема мера ќе зависи од тоа како вие лично се поставувате или како се прилагодувате на соработниците и на новонастанатите околности. Овој период и нема баш да ви светаат рози, затоа што ќе бидете во променливо расположение и повремено со падови на енергијата, но сепак и покрај се имате доста добри прилики, особено преку бизнис соработките. Со странците комуникацијата ќе почне да се „ниша“ и сметајте на растегнување и отежнување на договорот. Финансиската ситуација ќе биде доста солидна… Конечно…

Здравје

Во вториот дел од месецот здравствената состојба ќе биде во пад, затоа што овните поради ретроградното движење на нивниот владетел на знакот Марс ќе бидат во енергетски дисбаланс. Со оглед на тоа што Марс владее со вашето поле на оперативни зафари, можно е да треба да направите некоја ситна интервенција што веќе подолго време ја одложувате.

Бик (повеќе на следната страница)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.