Голем месечен хороскоп: Еве што ве очекува во април

Водолија

Љубов

Иако брачните односи  ќе бидат доста добри во текот на овој период, сепак, втората декада на  месецот е мошне турбулентна и може да ви донесе проблеми. Комуникацијата нема да функционира, вие и вашиот партнер може да се обвинувате меѓусебно за проблемите во врската, но сигурно е дека ќе се постави прашањето за лојалност. Посесивноста и љубомората може да ескалираат во една голема расправија, затоа потрудете се овој период да го протуркате со заеднички сили. Оние што се во долги емотивни врски, имаат малку полесен пат пред себе, иако нема да ве заобиколат проблемите во вториот дел од месецот. Кај вас проблемот може да избие околу дефинирање на односите и за тоа што некој не ја чувствува потребната сигурност и сака да ја воздигне врската на повисоко ниво. Дали е ова време (или личност) за нешто од овој вид, проценете сами. Одлуката е ваша. А за слободните Водолии областа на околината, соседството, кратките патувања, збогатена е транзитот на Сонцето и Венера, и ќе бараат партнери во овие сегменти – и веројатно ќе ги најдат. Па, не треба да се игнорира дека ова е променливо поле, и дека многу сега почнати приказни ќе останат само на незадолжителни средби и авантура. Овие врски многу брзо ќе дојдат на тест за одржливоста, кога владетелот полето на љубовта, Меркур, ќе почне да се движи ретроградно во втората половина на месецот.

Работа

Периодот е добар за кратки деловни патувања, за комерцијални активности, трговија, потрага по нови клиенти. Најверојатно ќе бидете во брзање во текот на месецот, расположени за голем број комуникации и средби со постоечки и потенцијални партнери. Овој месец, добро би било и невработените да се активираат, главно, во првиот дел, бидејќи во текот на втората декада би можеле да добијат добри резултати и вести. Позитивни информации и резултати ќе бидат присутни неколку пати во текот на овој период, но нема да биде доволно за вие да бидете целосно задоволни со ситуацијата во бизнис сегментот. Ќе ве влече желбата да се активирате во приватниот сектор, а можеби и во соработка со некој пријател или член на семејството. Ова е една интересна идеја, но изгледа не ја сфаќате сериозноста на планирање и организација, па затоа размислете повторно. Парично стоите солидно. Ненадејни приливи.

Здравје

Овој месец најмногу укажува на рекреација и физичка активност како можност да си помогнете самите себе си за решавање на акумулираниот стрес. Постарите лица нека направат тест на крвта и да се позанимаваат со хроничните заболувања, што би можело да биде во овој период повторно да се активираат. И на вашиот знак му претстои поблаг пад на имунитетот.

Риби (повеќе на следната страница)