Голем месечен хороскоп: Еве што ве очекува во април

Риби

Љубов

Емотивните врски и бракови дефинитивно не се во своето најдобро издание во текот на месец април. Веќе подолго време, вашиот однос е некако дистанциран, само повремено се враќаат оние вистински жарчиња на љубовта и реално гледано – и двајцата сте ја загубиле силата да се борите за вашата врска. Во овој период се појавува можност за унапредување на односот, но тоа ќе биде со краток век, и навистина треба да се искористи. Слушнете ги предлозите на партнерот, поминувајте повеќе време заедно, одете на кратко патување или дури и земете викенд само за вас двајца. Навистина треба да се поврзете повторно, и сега можете да го направи тоа. Ако сте слободен припадник на знак во текот на овој месец, за жал, нема да ја најдете онаа вистинската љубов, врска која што треба да трае. Сепак, и покрај ова, сигурно е дека добро ќе се забавувате. Венера во текот на овој месец ви посветила еден куп флертување, веројатно преку работни околности, еден куп на нови пријатели и интересни луѓе во вашето соседство

Работа

Сонцето (што е владетел на областа на секојдневните бизнис обврски) и Венера се наоѓаат во полето на работа и пари. Извесно е дека во првиот дел од месецот, овие транзити ќе ви дадат голема поддршка, особено во финансискиот сегмент, па рибите ќе бидат изненадени од некои подобри приливи, што веќе долго време со нетрпение ги чекаат. Меѓутоа, кога во вториот дел на месецот владетелот на полето на работа и пари, Марс ќе тргне ретроградно, очигледно е дека ќе ви биде потребно многу повеќе напор за да ја задржи постојната соработка. Голем број комплицирани ситуации ќе бараат целосна посветеност од ваша страна, и во овој период нивото на стрес и напнатост се интензивираат. Поддршка од колегите ќе имате, но затоа, соработката и комуникацијата со претпоставените ќе биде проблематична и од нив неможе да очекувате многу голема помош.

Здравје

Имате поддршка на здравствен план до крајот на втората декада на месецот. Сепак, периодот што ќе следи потоа може да биде проблематичен за вас и да ги активира проблемите што некое време се имаа смирено. Покрај намалениот имунитет, повторно станува актуелно се она што е поврзано со регионот на желудникот и варењето на храната.