Голем месечен хороскоп: Еве што ве очекува во април

Рак

Љубов

Поврзаноста со емотивниот или брачниот партнер во текот на  овој месец е многу поголема отколку во март, но ова не значи дека помеѓу вас баш се ќе оди како подмачкано. Најголемиот проблем ќе биде комуникацијата, особено за оние што се во брак, затоа што лесно ќе се расправате на дневна база околу ситниците што живот значат. И вие и партнерот во овој период за многу работи си замерувате еден на друг, а во исто време не сакате да видите дека можеби дел од проблемот е и во вас. Обидете се да бидете потолерантни кон саканата личност. Сето ова ќе се интензивира во вториот дел од месецот, но интересно – тогап имате и најголеми шанси да ги решите проблемите. Дел од вас ќе може да почнат со нешто што го одложуваат подолго време, а тоа е некоја принова или заеднички живот. Во секој случај, вашиот сексуален живот ќе бити многу побогат во третата декада на месецот што ќе му одговара на вашиот однос. Доколку сте слободни, нема можност за можност за некоја посериозна љубовна приказна. Може да се вљубите, но односот со оваа личност ќе функционира тешко. За среќа не вреди да брзате, затоа што среќата сама си доаѓа, затоа водете се од тој принцип и пуштете ова да се одвива спонтано и само од себе.Кога ќе дојде времето – ќе се случат вистинските нешта.

Работа

И на работен план ќе има многу повеќе прилики во текот на оваа половина од месецот. Владетелот на полето на работата и парите, Сонцето, егзалтирано во знакот овен, во голема мера ќе ве движи и во редовните работи, но и во потрагата по соработници и новите проекти врзани за странство и странци. Исто така во овој период одделни ракови може да очекуваат унапредување или зацврстување на позицијата во која што се наоѓаат.  Од ретроградното движење на Марс во вашето поле на работните обврски, во вториот дел на април ќе почнат и проблемите што во голема мера ќе ве преокупираат. Лоши односи со колегите, проблеми на дневна база, а не се исклучени ниту вашите грешки, поради кои што ќе морате од почеток да работите некоја работа. И владетелот на полето на комуникациите тогаш е ретрограден, па водете сметка за договорите, со хартиите. Финансискиот сегмент нема да биде лош овој месец, а постојат и шанси за поголеми добивки, особено за приватните претприемачи.

Здравје

Двете ретроградни планети Сатурн и Марс во вашето поле на здравје ќе направат хаос, особено во втората половина на месецот. Енергетски дисбаланс, големо трошење, па е можен голем пад на имунитетот и враќање на хроничните болести. Дури и ако се чувствувате добро, направете анализа на крвта.

Лав (повеќе на следната страница)