Голем месечен хороскоп: Еве што ве очекува во април

Лав

Љубов

Лавовите во емотивни врски и бракови немаат толку проблематична ситуација овој месец. Вие и партнерот успеавте да ја пронајдете вистинската мерка во вашиот однос и некако се функционира без поголема проблематика. Малку ќе ви помогне и тоа што и двајцата ќе бидете во голема мера зафатени со работата и она време што ќе ви преостане за заеднички мигови нема да сакате да го користите за кавги. Исто така за оние што подолго време се заедно постојат предиспозиции за придвижување на некои сериозни прашања во врска со вашата заедничка иднина. Можно е одделни двојки во овој период да се одлучат за заеднички живот или за брачна заедница. Во вториот дел од април, кога владетелот на полето на домот Марс, ќе тргне по ретроградната патека, зафатените треба да имаат малку повеќе толеранција еден кон друг, но и да се подготват дека нивните планови ќе се одвиваат нешто побавно. На слободните лавови првата половина на месецот многу повеќе ќе им одговара за љубов. Венера и владетелот на вашиот знак, Сонцето, во знакот на Овен ќе ви донесат лесно шармиранје на припадниците на спротивниот пол, флертување и бурни врски што би можеле да се наречат авантура, а не вистинска љубов. Можно е во овој период да поченете и некои забранети или тајни врски. Од вториот дел на месецот бидете малку повнимателни кога се впуштате во незадолжителни приказни, затоа што постои можност по една бурна авантура за една ноќ да заработите полова болест (или да останете бремени).

Работа

Во првиот дел од месецот најактуелни се аспирациите кон странство и проширувањето на бизнисот. Овој период ќе биде нешто полесен, но сепак ќе има и повремени проблеми и застои. Владетелот на полето на бизнис партнерставата и секојдневното работно окружување оди ретроградно, па можете да очекувате потешкотии во овие сегменти. Ќе биде потребно многу да се прилагодувате ако имате намера да се вклопите во начинот на работа и функционирањето што сега се бара од вас. Со оглед на тоа што знаете колку вредите нема да бидете задоволни со постигнатото, иако некои лавови може да очекуваат некој вид еднократна материјална надомест, награда или дури и унапредување. Очекувајте поголем број на бизнис патувања, контакти со партнерите, за некои дури и чести заминувања на пат во странство поради преговори. Вториот дел од месецот е нешто покомплициран, затоа што владетелот на полето на работа и пари тргнува наназад, па ќе биде потребнио да вложите повеќе труд.

Здравје

Се додека Сонцето е во знакот овен, што значи до крајот на втората декада на априла, со било кој здравствен проблем лесно ќе излегувате на крај. Меѓутоа, третата декада може да се одрази на вашето здравје и тоа првенствено преку пад на имунитеот што е последица на големото енергетско трошење.

Девица (повеќе на следната страница)