Голем месечен хороскоп: Еве што ве очекува во април

Девица

Љубов

Ретроградниот Сатурн, а од вториот дел на месецот и ретроградниот Марс во полето на домот и семејството секако нема да им олесни на оние девици што се во брак. Напнатоста и тензијата во односите ќе бидат очигледни, а некои припадници на овој знака ќе бараат излез во обидите да ја разбудат страста со партнерот. Генерално, емотивните релации во април се прикажани низ обидите да најдете решение за проблемите што не се од сега. Веќе долго во вашите односи од време на време се провлекуваат некои прашања што константно ве „боцкаат” а ниту во овој период не ви се нуди адекватно решение. Добро е што, барем за сега не се гледаат некои големи проблематични ситуации, но со оглед дека во следните месеци ќе има и такви ситуации, добро би било на време да ги разрешите сите заједнички недоумици. Венера во вашето поле на страстите на поединци ќе им даде можност, особено во вториот дел од април да влезат во авантура и таен сексуален однос. Ова дефинитивно нема да го подобри вашиот моментален емотивен однос, но накеј начин ќе „побегнете“ од проблемите. Доколку сте сами, владетелот на полето на љубовта, Сатурн, оди ретроградно. Покрај можноста малку да се вратите во минатото и да видите дали таму  останало нешто за вас, има можност за отворени флертови, па дури и со личности преку работното место. Во секој случај ова нема да ве држи релативно долго.

Работа

Владетел на полето на парите и работата е Венера која овој месец ќе транзитира низ знакот на овен и вашето поле на парите преку други луѓе, осигурувања, банки. Што се однесува до тие пари, имате неколку можности во текот на овој месец, онака добро да се офајдите, дали преку некој вид награда на работното место или унапредување, а некои девици може да добијат пари и преку осигурување, отпремнина, наследство. Исто така, оние што сакаат да ризикуваат и да се занимаваат со шпекулации можат во вториот дел од април да освојат поголема сума пари. Но, парите нема да одат лошо, но затоа бизнис аспектот ќе биде местото каде што вие доста ќе се трошите во обидите да се стабилизрате или да напредувате. Приватниот сегмент ќе функционира нестабилно и ќе имате големи проблеми со соработниците и во договорите. Генерално, поради ретроградноста на вашиот владетел Меркур во вториот дел од месецот би требало да водите сметка за секој бизнис потег. Можни се грешки и пропусти.

Здравје

Ретроградноста и на владетелот на вашиот знак, но и на владетелот на полето на здравјето секако укажува дека здравствениот сегмент во последно време го занемарувате и дека сега може да почнат да се покажуваат проблемите. Исцрпеноста на организмот и робувањето на некои лоши навики најмноги ќе се одрази низ пад на имунитетот и низ стрес.

Вага (повеќе на следната страница)