Голем месечен хороскоп: Еве што ве очекува во април

Вага

Љубов

Влезот на вашата владетелка Венера во знакот овен кој владее со вашите сериозни емотивни партнерства ќе ја разгори потребата да најдете некој за себе. Сега, колку е тоа возможн о кога со вас владеат страстите и кога неможете на вистинскиот начин да препознаете које оној вистинскиот, тоа е веќе друго прашање. Повеќе од сигурно е дека ќе бидете во жестоко движење, а во новите познанства ќе се однесувате несвојствено за вас – отворено ќе го покажувате вашиот интерес и ќе бидете подготвени на „борба“ за да го освоите избраникот на вашето срце, или вашите моментални желби. Со оглед на тоа што владетелот на полето на љубовта оди по ретроградна патека и минатото секако ќе се активира, но вагите сега може да влезат и во однос со некоја личност што веќе подолго време се обидуваат да ја освојат. Некои од овие врски би можеле да бидат со траен карактер, ако успеете да ги пребродите почетните проблеми. Доколку сте во брак или во емотивна врска, посветени сте на тоа да најдете заеднички казик со партнерот и да го издигнете вашиот однос. За некои во овој период навистина има и можност за влез во заеднички живот или во брак. Сепак вашата импулсивност и потребата за промени може во вториот дел од април да ве вовлече во некој вид незадолжителен, сексуален однос. Бидете внимателни затоа што партнерот забележува што се случува со вас.

Работа

Влезот на Венера во знакот овен ќе ви донесе поголема борбеност и импулсивност кога станува збор за партнерските и бизнис односи. Но и покрај целиот ваш труд, евидентно е дека во бизнис сегментот има големи препреки и дека вашиот напредок е бавен. Колку и да ве нервира тоа и да ве вади од такт, не е време да ги потенцирате вашите лични ставови, туку да ги прифатите условите што моментално владејат и да се вклопите. Во вториот дел од месецот, кога владетелот на полето на работата, Марс, ќе почне да се движи ретроградно, уште повеќе ќе се потенцира тој раскол помеѓу она што го сакате и она што го поседувате. Искористете ја вашата сила и волја паметно, немојте да се трошите на расправи на работното место затоа што со тоа нема да постигнете ништо. И покрај ваквата ситуација, Вагите во текот на април ги чекаат неколку блескави мигови. Кај некои тоа ќе се одрази преку промена на работното место или преку значаен напредок во кариерата, додека на други ќе им донесе прилично солидни суми пари.

Здравје

Здравствениот сегмент кај вас веќе одамна е „начнат” и сега е добар момент да се обидете нешто да поправите по тоа прашање. Стресот е особено актуелен, како и падот на имунитетот, иако кај поединци ова најмногу ќе се  манифестира преку проблеми во стомачниот дел. Водете повеќе сметка за себе си.

Скорпија (повеќе на следната страница)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.