Месечно околу седум француски џихадисти гинат на боиштата во Сирија

Германија започнува судење за воени злосторство во Сирија
Германија започнува судење за воени злосторство во Сирија

Според француското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на војната во Сирија на боиштата во оваа земја заминале 910 Французи, од кои 126 или секој седми, загинале, јави дописникот на МИА од Париз.

Француските медиуми јавија дека меѓу загинатите во Сирија се наоѓа и Омар Дијаби, кој се смета за еден од главните протагонисти при регрутирање на џихадистите во Франција, кој го загубил животот на 7 август.

Според податоците со кои располагаат француските власти, смртноста на француските џихадисти „експлодирала“, зголемувајќи се за 280 отсто од јули 2014 година, па просечно седум џихадисти ги губат животите секој месец.

Оваа смртност на Французите се објаснува со нивното напредување во хиерархијата на групата Исламската држава (ИД) и нивното учество во директна борба во Сирија, со што се зголемуваат ризиците да бидат убиени.

Џихадистите киднапираа десетици христијански семејства во Сирија

Месечно околу седум француски џихадисти гинат на боиштата во Сирија
Месечно околу седум француски џихадисти гинат на боиштата во Сирија

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) киднапира десетици христијански семејства, откако вчера презеде стратешки град во сириската провинција Хомс, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

При преземањето на градот Каратеин исламистите киднапирале најмалку 230 лица, вклучувајќи и десетици христијани, меѓу кои голем број жени и деца. Семејствата христијански биле киднапирани од црква во градот.

Каратеин се наоѓа во близина на патот, кој го поврзува античкиот град Палмира со планината Каламун, непосредно до сириско-либанската граница.

Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија

Исламистички групации и провладините сили постигнаа договор за 48-часовен прекин на огнот во неколку градови во северозападниот дел на Сирија и на границата со Либан, соопшти сирискиот Центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, прекинот на огнот во градот Забадани, последен бастион на бунтовниците на границата на Сирија со Либан ќе почне во шест часот по локално време (три часот според Гринич).

Прекинот на огнот на два дена ќе има и во Фуа и Кафраја, два шиитски града во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, последните во регионот кои се во рацете на режимот.

Спогодбата за прекин на огнот на 48 часа беше постигната меѓу борците на влијателната исламистичка групација Ахрар ал Шам и локалните бунтовници од една страна и борците од Хезболах од друга. Ахрар ал Шам е сојузник на групацијата Џебхад ал Нусра, која е поврзана со Ал Каеда.