Месецот на раѓање открива какви сте во сексот

Месецот на раѓање открива какви сте во сексот
Месецот на раѓање открива какви сте во сексот

Сексот со личноста родена во април е возбудлив, интензивен и доста страствен, а родените во мај сакаат секс што е удобен и сензуален.

  1. Јануари

Лицата родени во јануари се малку поконзервативни кога треба да се „смуваат“ со некого. Меѓутоа кога некој им се допаѓа, ќе бидат доста упорни во тоа за да успеат во врската. Родените во јануари се меѓу најнастраните личности, иако тоа никогаш не би ви паднало на ум кога прв пат ќе ги видите.

  1. Февруари

Вие сте авантурист. Имате голем број страсти, а за нив е потребен и голем труд. Лицата родени во февруари се фокусирани на голем број цели и секогаш ја гледаат пошироката слика, но навистина е тешко со нив емотивно да се поврзете. Ова не е невозможна мисија, само е потребно малку повеќе труд.

  1. Март

Сите родени во март обожаваат своето време да го поминуваат во секс. Тоа за нив е доста интензивна активност затоа што на партнерот му даваат се што имаат и многу често сексот го креваат до ниво на спиритуалност.

  1. Април

Ова се независни личности, но кога ќе остварат врска со некого – тогаш даваат се што имаат. Секост со лицата родени во април е возбудлив, интензивен и доста страствен, но кога сексот со нив е готов, тогаш навистина е готов. Нивната страст е огромна, но исто така знаат да се заситат од луѓето мошне брзо.

  1. Мај

Лицата родени во мај сакаат секс што е удобен и сензуален. Тие го сакаат самиот чин на секс. Сакаат да имаат секс под сатенски прекривки во преубаво украсена соба или воопшто нема да го имаат.

  1. Јуни

Тие ќе сакаат да ја пробаат секоја можна положба во спалната соба затоа што сакаат да знаат се за неа. Не се интензивни како лицата родени во февруари, но се подеднакво возбудливи. Доколку барате некого за да ви раскажува „валкани“ приказни, тогаш сте ја избрале вистинската личност. А доколку пробате секс по телефон со нив, тогаш ќе бидат ваши засекогаш.

  1. Јули

Сексот со родените во јули има длабока емотивна компонента. Мора да се чувствуваат безбедно покрај вас, а кога тоа ќе се случи, ќе направат се за да го задоволат партнерот. Сакаат да ги негуваат и да ги задоволуваат потребите на лицата што ги сакаат.

  1. Август

Овие лица се исклучително великодушни или крајно себични. Сакаат да се уверат дека партнерот има се што бараат или ќе спијат со некој друг и веднаш ќе ве остават. Мразат кога некој им говори што да прават во постелата и имаат доста кршливо его.

  1. Септември

Тоа се доста страствени личности, но секогаш успеваат да ги контролираат сопствените емоции, а кога станува збор за сексот ќе им биде потребно многу време за да почнат да уживаат. Нема веднаш да се фрлат на секс, но кога ќе се појават емоциите, ќе бидат подготвени на се.

  1. Октомври

Лицата родени во октомври сликаат романтично уметничко дело. Тие веднаш ќе ви кажат како нештата ќе се одвиваат и како ќе се чувствувате. Кога ќе ви го кажат тоа, ќе сакаат нештата да се одвиваат полека за целокупното искуство да може да трае колку е можно подолго. Навистина сакаат да одвојат време за додворување. Можеби ќе им недостига страст, но тоа го надополнуваат со романтични гестови, кои водат до совршен секс.

  1. Ноември

Тие најдобро знаат што е страсен секс. Потребно им е да го поседуваат партнерот, но сакаат и партнерот да ги поседува нив. Ќе пробаат се, замо за потоа да може да кажат дека тоа го направиле.

  1. Декември

Тие се доста креативни личности. Сакаат да создаваат приказни и да си играат разни улоги. Понекогаш е тешко емотивно да се поврзете со нив, но сексот секој пат ќе биде доста забавен.