Македонија

Месецов почнува вакцинација со петовалентна вакцина

Месецов почнува вакцинација со петовалентна вакцина

Педијатрите очекуваат до крајот на месецов да почне вакцинација со петовалентна вакцина. Тоа дава простор за воведување на новата вакцина – пнеумокока, што сега е по избор.

Во текот на летото ја имаат примено речиси 40 дечиња. 50 други чекаат за вакцинација. За месец и пол само во Скопје шествалентна вакцина примиле над 660 деца.

Освен локално црвенило, педијатрите кај нив не забележале други несакани реакции. Со овој вид имунизација бебињата ќе бидат заштитени од дифтерија, тетанус, хепатитис и менингитис. Со поливалентното вакцинирање со едно боцкање најмладите се штитат од многу болести. Досега поливалентните вакцини во земјава не можеа да се купат приватно, родителите се снаоѓаа кој како знае и умее. Некои ги носеа бебињата на вакцинација во соседството.