Мешањето на Западот во Украина е закана за целиот регион

Грубата интервенција на западните земји во внатрешните работи на Украина ја поткопува стратешката рамнотежа во светот и се заканува на безбедноста на голем број земји во Евроазија, изјавил портпаролот на Државната дума на Русија, Сергеј Наришкин, пренесе „РИА Новости“.

„Убеден сум дека таква брутална интервенција на Западот во внатрешните работи на земја, која за нас е многу повеќе од сосед, ја поткопува стратешката рамнотежа во светот и е закана не само за Русија, туку и за голем број други земји во Евроазија, што имаат вековни политички и економски врски меѓу себе“, рекол уште Наришкин на денешната седница на Државната дума.