Македонија,Крими хроника

Мештани и полицајци спасија гимназија од пожар во Ростуше

Мештани и полицајци спасија гимназија од пожар во Ростуше

Со брза реакција на неколкумина жители на долнореканското село Ростуше и вработени во полициското одделение, локализиран е и изгасен огнот, кој го зафатил покривот на средното општинско училиште, пренесува МИА.

Според првичните информации од СВР Тетово, во пожарот немало повредени. Огнот на покривот, бил забележан околу 14:30 часот, по што полицајци со против-пожарни апарати почнале со гасење во потпокривот.

Со помош на дваесетина мештани, за неполн час тие успеале да го локализираат, недозоволувајќи огнот да се пренесе на останатите простории на објектот и на соседниот објект во кој е сместена локалната самоуправа.

Причините за опожарувањето ги истражуваат инспектори од СВР Тетово, а повикани се и пожарникари од Дебар за да спречат неочекувано ширење на огнот.

Опожарувањето не предизвикало посериозни последици и за среќа настанало во време кога наставата била завршена, а учениците и наставниците заминале дома.